Свет Балкан Караџиќ осуден на 40 години затвор поради геноцидот во Сребреница

Караџиќ осуден на 40 години затвор поради геноцидот во Сребреница

Хашкиот трибунал го прогласи Радован Караџиќ за виновен за геноцидот во Сребреница и за опсадата на Сараево и му досуди 40 години затвор.

Како што наведе судот, поранешниот претседател на Република Српска сноси индивидуална одговорност за злосторствата против човештвото, убиства и за кршење на закони, како и на правилата на војување во седум општини.

Исто така, судот смета дека Караџиќ сноси одговорност за здружени злосторнички потфати за време на опсадата на Сараево, како и за здружени злосторнички потфати при киднапирањето на припадници на Обединетите нации.