Свет Балкан Канцеларијата на ЕУ на Косово очекува спроведување на одлуката на Уставниот суд

Канцеларијата на ЕУ на Косово очекува спроведување на одлуката на Уставниот суд

Канцеларијата на Европската унија на Косово денеска соопшти дека ја зема предвид одлуката на Уставниот суд во врска со оцената на принципите за основање Заедница на општини со српско мнозинство.

„Уставниот суд заклучи дека Заедницата на општини со српско мнозинство треба да се основа како што е предвидено со првата спогодба, во согласност со Уставот. Очекуваме двете страни да ја почитуваат одлуката, како и правниот акт на владата на Косово за спроведување на договорот, а потоа што побргу да се разработи статутот“, се наведува во соопштението на Канцеларијата на ЕУ.