Култура Канческа-Милевска ја прими виолинистката Ева Богоевска

Канческа-Милевска ја прими виолинистката Ева Богоевска

Канческа- Милевска со виолинистката Ева Богоевска

Петнаесетгодишната виолинистка Ева Богоевска, која на 6 ноември беше прогласена за победник и го освои „Лауреатот од прв степен“ на реномираниот меѓународен Фестивал за музика „Сребрен камертон“, кој се одржа во Санкт Петербург, денеска беше примена од министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Настапот на Ева, која е добитник и на многу државни и меѓународни награди, во Санкт Петербург беше поддржан од Министерството за култура.

Министерката Канческа-Милевска изрази благодарност до Ева за сето она што таа во изминатиот период го направила за промоција на македонската култура и уметност.