Економија Кампањата за рационална употреба на лекови ќе чини 468.000 евра

Кампањата за рационална употреба на лекови ќе чини 468.000 евра

Според информациите од Бирото за јавни набавки, три маркетинг-агенции ќе бидат вклучени во кампањата на Владата за подигнување на свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови.

За оваа намена се предвидени 468.000 евра, од кои вредноста на договорот со агенцијата „Маркет висион“ изнесува 125.552 евра, со „Омега комуникејшн“ – 236.000 евра, со „Аквариус дизајн“ – 106.545 евра.

Агенциите ќе треба да ја смислат кампањата и да ја спроведат низ медиумите.