Свет Европа Камион влета во пешачка зона во Стокхолм, три лица загинаа

Камион влета во пешачка зона во Стокхолм, три лица загинаа

Камион влетал меѓу луѓе на улица во централен Стокхолм, јавуваат светските медиуми.

Според информации од шведската полиција, повеќе лица се повредени. Шведските медиуми јавуваат дека три лица загинале, но овие податоци засега не се потврдени.

– Видов стотина лица како трчаат, во обид да си го спасат животот – вели очевидецот Ана за весникот „Афтонбладет“.

Друг очевидец вели дека видел како возилото гази две лица.

Инцидентот се случил нешто пред 15 часот на улицата Дротнингатенм, која е една од најголемите пешачки улици во Стокхолм.