Дописници Камион удри во стадо овци на патот Штип – Велес

Камион удри во стадо овци на патот Штип – Велес

Маглата и неприлагодената брзина на каминот во движење им пресудија на 17 овци, кај селото Кадрифаково, на патот Штип – Велес. На местото меѓу населбата Три Чешми и селото Кадрификаво траги од крв и кочење на камионот сведочат за настанот.

Овчарот Исамил Зиберов, кој го водел стадото, вели дека ударот бил силен.

– Имаше магла, а и камионот возеше брзо. Му мафтавме со рацете и се обидовме да го сопреме. Камионот удри во последните овци од стадото кое поминуваше преку патот – вели Зиберов.

Сопственикот ги собираше угинатите овци, додека полицијата вршеше увид. Штетата е процената на околу 2.000 евра, бидејќи овците кои угинале наскоро требало да се објагнат.

Не е првпат во овој дел на магистралниот пат Штип – Велес да страдаат стада со стока. Оваа несреќа е трета за период од четири години.