Македонија Камион излетал од коловозот на патот Делчево – Штип, сообраќајот во прекин

Камион излетал од коловозот на патот Делчево – Штип, сообраќајот во прекин

Попладнево, од 15.30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Штип е во прекин во двата правци поради извлекување на товарно возило, кое излетало од патот кај надвозникот во Облешево, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на сите државни патишта, како што информираат од АМСМ, се одвива по претежно суви коловози на пониските и на влажни коловози на повисоките планински места.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.