Свет Европа Камерон: Сè поагресивната Русија е закана за Британија

Камерон: Сè поагресивната Русија е закана за Британија

Главни закани за Велика Британија се сè поголемата агресивност на Русија, џихадистите и хакерите, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

Според мислењето на Камерон, главната насока за развојот на британската одбрана треба да бидат беспилотните летала.

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, минатата недела потврди дека Велика Британија ќе го зголеми воениот буџет за два отсто од домашниот бруто-производ, во рамки на целите и на задачите на НАТО.

Во јуни Камерон потврди дека Лондон зазема бескомпромисна позиција спрема Русија во врска со спојувањето на Крим и со продолжувањето на кризата на истокот на Украина.