Свет Европа Камерон: Британија ќе им помогне на САД во уништувањето на Исламска држава

Камерон: Британија ќе им помогне на САД во уништувањето на Исламска држава

Велика Британија е подготвена да соработува со САД во уништување на калифатот што го воспоставија екстремистите на Исламска држава во Ирак и во Сирија, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Разговараме со опозициските партии, што можеме да направиме. Но, решени сме да соработуваме на уништување на калифатот – изјави Камерон во интервју за американската телевизија „Ен-Би-Си“.

Пратениците во британскиот парламент гласаа против воена акција во Сирија пред две години. Британскиот премиер ќе го искористи својот говор в понеделник за да ги предупреди младите Британци што доаѓаат во искушение да им се приклучат на борците на Исламска држава.