Хроника Каменуван патнички воз кај надвозникот во Визбегово

Каменуван патнички воз кај надвозникот во Визбегово

Непознати сторители утрово, околу 3 часот, каменувале патнички воз кај надвозникот во Визбегово меѓу железничките станици Скопје Север и Ѓорче Петров, информираат од полицијата.

Во инцидентот било искршено едно прозорско стакло од вагон. Повредени патници нема.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.