Свет Кај Мосул загинаа 70 ирачки војници

Кај Мосул загинаа 70 ирачки војници

Во самоубиствен напад источно од Мосул загинаа најмалку 70 ирачки војници.

Нападот се случил во близина на селото Билавет, во акција на ирачката војска за ослободување на Мосул, кој е под контрола на Исламска држава.

Бомбашот самоубиец најверојатно е член на терористичката организација.

Ирачкиот премиер Хајдер Абади во саботата соопшти дека почна операцијата за ослободување на Мосул, а во акцијата учествуваат 30.000 ирачки војници и 4.000 борци на курдските сили.