Свет Каиро: Пет лица се повредени во експлозија кај италијанскиот конзулат

Каиро: Пет лица се повредени во експлозија кај италијанскиот конзулат

Двајца полицајци и тројца случајни минувачи се повредени во експлозија пред конзулатот на Италија во Египет.
Оштетен е дел од зградата во која е сместен конзулатот на Италија во Каиро.

Сè уште се истражува причината за експлозијата, а неименуван претставник за агенцијата „Мена“ изјавил дека експлозијата е предизвикана од автомобил-бомба и оти штетата на зградата е огромна.