Свет Европа Кабинетот на Меркел ја одобри одлуката за интервенции против ИД во Сирија

Кабинетот на Меркел ја одобри одлуката за интервенции против ИД во Сирија

Кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, го одборил планот за вклучување на земјата во борбата против Исламска држава во Сирија, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, гласањето по одлуката во германскиот парламент е закажана за утре, среда.

По истото прашање, утре, според медиумите, треба да се изјаснат и членовите на британскиот парламент.

Вклучувањето на Велика Британија во војната против ИД, за што иницијатор е премиерот Дејвид Камерон, предзвика поделби во редовите на опозициските лабурсти, чиј лидер, Џереми Корбин, е против одлуката, додека поголем дел од неговите сопартијци се за поддршка на воените операции.