Видео „Јутјуб кидс“ прилагоден за деца

„Јутјуб кидс“ прилагоден за деца

„Јутјуб“ ја претстави новата верзија на сервисот наменет за деца. „Јутјуб кидс“ е достапен за преземање преку „ап стор“ и „гугл плеј“.

Досега „Јутјуб“ за родителите претставуваше меч со две острици. На платформата веќе постојат многу содржини прилагодени за деца, но не и ефикасен начин за уредување кој ќе ги заштити децата од непримерни содржини.

„Гугл“ наведува дека „Јутјуб кидс“ не е специјализиран за некоја посебна возраст, но на нивниот блог наведуваат дека потенцијални корисници би можеле да бидат тригодишни и четиригодишни деца.

Родителите можат со помош на вградениот тајмер за ограничување на времето да одредат колку време децата ќе минат на мрежата и тоа во моментот кога ќе ја покренат апликацијата.

Интересно е што и оваа верзија на „Јутјуб“ содржи реклами.