Свет Европа Јункер: Крај за шенген-зоната значи и крај за еврото

Јункер: Крај за шенген-зоната значи и крај за еврото

Невработеноста во ЕУ ќе се зголеми ако се распадне шенгенската зона, предупреди денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, додавајќи дека во тој случај би било бесмислено да се задржи еврото како единствена валута.

– Шенген-зоната е едно од најголемите достигнувања од процесот на европските интеграции. Без неа, без слободно движење на работниците, без слободата на европските граѓани да патуваат, еврото нема смисла – рече Јункер на прес-конефернција.

Тој укажа на поврзаноста на шенген-зоната, слобода на движење и на внатрешниот пазар.

– Ако некој сака да ја „убие“ шенген-зоната, на крај ќе го убие и единствениот пазар. Тоа ќе доведе до проблеми со невработеноста во Европа. Помала шенгенска зона значи помала вработеност и помал економски пораст – заклучи Јункер.