Македонија Јункер и Могерини ќе ја посетат Македонија

Јункер и Могерини ќе ја посетат Македонија

Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија до крајот на месецов треба да допатува во прва официјална посета на Република Македонија, објавија дел од медиумите повикувајќи се на дипломатски извори.

Јункер во тој период ќе има неколку посети на земјите на Западен Балкан.

Наредниот месец, во март, во Скопје се очекува да допатува и високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини.