Култура Јубилејна 40. „Струшка музичка есен“

Јубилејна 40. „Струшка музичка есен“

Од 4 до 6 септември, во хотелот „Дрим“ во Струга, Сојузот на композиторите на Македонија, ќе ја организира јубилејната 40. „Струшка музичка есен“. На годинешната манифестација, темата ќе биде „Меморија и перспективи“.

– Цели четири децении „Струшка музичка есен“ нуди можност за средба, размена на идеи и за дебати на актуелни теми кои ја преокупираат македонската музичка јавност. Оваа година одлучивме целото издание на манифестацијата да ѝ го посветиме токму нејзе. Темата што ќе ги обединува трудовите презентирани во Струга ја насловивме „Мемоари и перспективи“ – велат организаторите.

Селекторот на годинешнава СМЕ, м-р Ивона Опетческа-Татарчевска, избра триесетина трудови на научници кои имаат намера претстојниов викенд во Струга да презентираат свои трудови од областа на македонската продуктивна и репродуктивна музика и танц, како трудови кои даваaт историска перспектива на настаните и личностите кои досега ја обликуваа „Струшката музичка есен“ како единствена концепција на музичко-научна манифестација кај нас.

Како и секоја година, „Струшка музичка есен“ и годинава ќе одбележи јубилеи на значајни македонски композитори, како: Стефан Гајдов – 110 години од раѓање, Панче Пешев – 100 години од раѓање, Кирил Македонски – 90 години од раѓање, Властимир Николовски – 90 години од раѓање и Томе Манчев – 65 години од раѓање.