Галерија ЈП ПОЦ минатата седмица блокирало или кренало со „пајак“ 110 возила (галерија)

ЈП ПОЦ минатата седмица блокирало или кренало со „пајак“ 110 возила (галерија)

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) соопшти дека минатата седмица, во соработка со сообраќајната полиција биле санкционирани 110 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на општина Центар.

Притоа „пајаците“ кренале 77 автомобили, а блокатори на тркалата биле поставени на 33 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар велат дека постојано ќе ги санкционираат непрописно паркираните возила со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.