Македонија Јолевски во САД се сретна со Хојт Брајан Ји

Јолевски во САД се сретна со Хојт Брајан Ји

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во рамките на работната посета на САД се сретна со заменик-помошникот на државниот секретар, Хојт Брајан Ји, соопштија од Министерството за одбрана.

На средбата министерот Јолевски информирал за реформите во одбраната, за модернизација на АРМ, која е целосно во согласност со НАТО-стандардите, за учеството на припадниците на АРМ во мисиите на НАТО и во други мировни мисии.

На средбата Јолевски истакнал дека интеграцијата на Македонија во НАТО е значајна како за стабилноста на земјата, така и за регионот и пошироко, и затоа е потребно да ѝ се упати покана за членство во НАТО.