Свет Европа Јерун Дајселблум реизбран за претседател на Еврогрупата

Јерун Дајселблум реизбран за претседател на Еврогрупата

Министерот за финансии на Холандија, Јерун Дејселблум, повторно е избран за претседател на Еврогрупата. Тој својот втор мандат го освои откако го победи шпанскиот колега Луис де Гиндос.

Дејселблум на својот твитер-профил напиша: „Им се заблагодарувам на моите колеги за нивната поддршка и соработка и со нетрпение го очекувам мојот втор мандат како претседател на Еврогрупата.“

Одлуката била едногласно поддржана од сите членови на Еврогрупата со која Дејселблум ќе раководи следните две и пол години.