Свет Јемен: Ракетиран хотелот во кој се сместени премиерот и владата

Јемен: Ракетиран хотелот во кој се сместени премиерот и владата

Хотелот „Каср“ во Аден, во кој престојува јеменскиот премиер Калед ал Бахах, заедно со членовите на владата, денеска е погоден со три ракети и е во пламен, објавија извори од безбедносните служби.

Локален претставник, кој побарал да остане анонимен, изјави дека „неколку лица се ранети или загинати“ во утринскиот напад, но не прецизирал дали меѓу жртвите има членови на владата.

Хотелот во последните неколку недели беше седиште на владата на јеменскиот претседател Абед-Рабо Мансор Хади по неговото враќање од прогонот во Саудиска Арабија.

Аден е втор по големина град во Јемен и е прогласен за привремена престолнина, откако силите лојални на претседателот Хади кон средината на јули ги протераа бунтовниците Хути.