Свет Јемен: 23 мртви во воздушен напад

Јемен: 23 мртви во воздушен напад

Во воздушен напад на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, загинаа 23 лица, кои биле на свадба во Јемен.
Ова е втор воздушен напад изминатите седум дена во кој настрадале сватови во Јемен.

Инцидентот се случил вчера во покраината Дамар, околу 80 километри јужно од главниот град Сана.

Вкупниот број на загинатите би можел да се зголеми бидејќи се претпоставува дека има уште тела под урнатините на куќата во која се одржувала церемонијата на венчавката, соопшти началникот на итната служба во болницата во Дамар, Сафван ал Анси.