Економија Јапонската „Софт банка“ го продава уделот во „Алибаба“ за 7,9 милијарди долари

Јапонската „Софт банка“ го продава уделот во „Алибаба“ за 7,9 милијарди долари

Јапонската „Софт банка“ соопшти дека ќе го продаде сопственичкиот удел во најголемиот кинески онлајн сајт за продажба „Алибаба“ во вредност од најмалку 7,9 милијарди долари.

Aгресивната активност на банката за преземање на фирми ги намалила нејзините финансиски средства, па долгот во март изнесувал 106 милијарди долари.

Продажбата на акции ќе го намали досегашниот сопственички удел на банката во „Алибаба“, од 32,2 на 28 проценти, а приходот ќе биде наменет за отплата на долгот.

Банката првпат во „Алибаба“ инвестирала во 2000 година, а во последните неколку години покренала низа аквизации во голем број на фирми.