Свет Јапонија влезе во рецесија

Јапонија влезе во рецесија

Јапонската економија неочекувано влезе во рецесија во третиот квартал. Поради тоа премиерот Шинзо Абе најверојатно ќе се откаже од непопуларното зголемување на ДДВ и од распишувањето нови предвремени избори, две години пред истекот на мандатот.

Јапонската економија во третиот квартал ослаби за 0,4 проценти, по падoт од 1,9 проценти во периодот од април до јуни. Економистите во третиот квартал очекуваа пораст за 0,5 проценти.

Третата најголема економија во светот, според прогнозите, во наредниот период ќе оствари пораст, но потрошувачката и извозот во моментов се слаби, со што е отежната ситуацијата во која се наоѓаат компаниите со големи резерви на стока.