Свет Јапонија се подготвува за прием на бегалци ако дојде до корејска криза

Јапонија се подготвува за прием на бегалци ако дојде до корејска криза

Владата на Јапонија работи на планови за непредвидени ситуации во случај кризата на Корејскиот Полуостров да доведе до бранови бегалци во Јапонија, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Тој на седница на парламентот рече дека јапонската влада формулира мерки, кои вклучуваат заштита на странци, процедури за слетување, изградба и функционирање на засолништа, како и проверка на баратели на азил. Абе појасни и дека владата изработува планови за евакуација на околу 60.000 Јапонци од Јужна Кореја во случај да избие воена криза.

Абе и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој ќе допатува од Јужна Кореја, ќе разговараат за разгорувањето на ситуацијата со Северна Кореја, по презентацијата на нови крстосувачки ракети и неуспешното лансирање ракета во Северна Кореја.