Македонија Јапонија донираше 663.000 евра во музички инструменти, опрема и осветлување на Националната...

Јапонија донираше 663.000 евра во музички инструменти, опрема и осветлување на Националната опера и балет

Фото: Амбасада на Јапонија во Скопје

Нови музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување денеска беа предадени на Националната опера и балет од страна на Владата на Јапонија. Вредноста на донацијата изнесува 663.000 евра, информираат од Амбасадата на Јапонија во Скопје.

На денешниот настан присуствуваа амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, главниот претставник на Јапонската агенција за меѓународна соработка – Џајка Балкан, Такеичи Џиро, директорот на Националната опера и балет Васо Ристов, министерката за култура Ирена Стефоска и вицепремиерот Никола Димитров.

„Освен за подобар перформанс на Националната опера и балет, би сакал оваа културна размена да придонесе и за размена на уметници од двете земји“, порача јапонскиот амбасадор Савада Хиронори.

Ова е втор јапонски културен грант во Северна Македонија. Првата помош во 2001 година обезбеди музички инструменти за Македонската Филхармонија.