Македонија Јанкулоска на распит во СЈО, засега не се знае за кој случај

Јанкулоска на распит во СЈО, засега не се знае за кој случај

Пoранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утрово во 10 часот се појави на сослушување во Специјалното јавно обвинителство, но оттаму ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација.

Засега не е познато за кој случај Јанкулоска е повикана на сослушување во СЈО.

За поранешната министерка за внатрешни работи и за висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ се отворени повеќе истражни постапки од СЈО.

Таа неколкупати досега беше на распит во СЈО и во Кривичниот суд, но засега против неа не е поднесено обвинение за случаите за кои ја товари СЈО.