Главна секција Јанкулоска, Ставрески: Смачено ни е од изборите во Центар

Јанкулоска, Ставрески: Смачено ни е од изборите во Центар

Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, според вечерва објавените аудиоснимки на трибината на СДСМ, не се согласувале со сите постапки што биле преземени од владејачката партија во текот на изборните процеси. На една од снимките со нивен меѓусебен разговор, тие зборуваат за тоа како и ним им е смачено од изборите во општина Центар. Ставрески вели дека тоа што го прават не му се допаѓа и дека не сака такви работи. Јанкулоска вели дека нема силен ефект и дека не одобрува такви работи.

Ставрески се жали дека потоа „Цацко ќе им биде крив“ кога ќе ги има во извештаите и понудува да се тргнат од Центар.

Јанкулоска, во разговорот, потврдува дека тоа се „глупости“.