Македонија Јанковиќ поднесе оставка поради претседателската кандидатура

Јанковиќ поднесе оставка поради претседателската кандидатура

Досегашниот народен правобранител на Србија, Саша Јанковиќ, денеска и формално поднесе оставка на функцијата, половина година пред истекот на вториот петгодишен мандат, бидејќи ќе се кандидира за претседател на Србија.

– Одлучив да се кандидирам и да ја вратам смислата на институцијата претседател и за да гарантирам дека ќе биде во функција на граѓаните, а не на еден човек – рече Јанковиќ.

Јанковиќ кон крајот на минатата година ја најави својата кандидатура, одговарајќи на апелот на стотина јавни личности, меѓу кои и угледни книжевници, новинари, актери и професори. Тој денеска рече дека досега добил поддршка од осум партии и движења и оти очекува победа на претседателските избори оваа пролет.