Главна секција Јанева сама се предложила „кај адекватните луѓе“ за специјална јавна обвинителка

Јанева сама се предложила „кај адекватните луѓе“ за специјална јавна обвинителка

Катица Јанева во интервјуто за телевизија „24 Вести“ рече дека таа сама се предложила да биде специјална јавна обвинителка и дека конкурирала и контактирала со „адекватните луѓе“. Јанева верува дека таа и тимот ќе имаат доволно капцитет да се справат со предметите што ќе бидат под нејзина надлежност.

– Со изборот бев и јас изненадена. Лично, со своја волја, конкурирав и контактирав со адекватните луѓе со кои сметав дека треба да контактирам и сега и јас сум малку изненадена од изборот, но и почестена – рече Јанева во првото интервју откако беше именувана за специјална јавна обвинителка.