Свет Балкан Јахјага: Речникот на Николиќ за Косово е враќање на старата реторика

Јахјага: Речникот на Николиќ за Косово е враќање на старата реторика

Кабинетот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, денеска соопшти дека речникот што претседателот на Србија, Томислав Николиќ, го користел на собирот во Будва, претставува враќање на старата позната реторика.

Николиќ во Будва, на маргините на Самитот на лидерите на процесот Брод-Бриони, според пишувањата на „Вечерњи новости“, ѝ порачал на Јахјага да „не се замислува“ дека предводи некоја млада држава, затоа што „Косово тоа никогаш нема да стане“. Тој, исто така, рекол и дека косовските Албанци не го исполнуваат тоа што е договорено во Брисел и оти треба да се менуваат со текот на времето и со Србите да направат вистински договор наместо „што да замислуваат дека се држава која половина човештво не ја признава“.