Свет Балкан Јахјага повика да запрат судирите на улиците на Приштина

Јахјага повика да запрат судирите на улиците на Приштина

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, преку својот фејсбук-профил ги повика демонстрантите да не ја напаѓаат полицијата и да се врати редот и мирот на улиците на главниот град Приштина.

„Апелирам за смиреност и за враќање на редот на улиците и на плоштадите на главниот град. Апелирам до демонстрантите кои сè уште се на улиците на Приштина мирно да се разотидат и да не ја напаѓаат полицијата, институција одговорна за зачувување на редот и за спроведување на законот, како и за безбедноста на секој граѓанин во земјата. Тоа е нашата полиција“, напиша Јахјага, притоа повикувајќи ги сите политички партии да почнат меѓусебен дијалог за наоѓање решение за отворените прашања.