Свет Балкан Јахјага ја повика опозицијата на разговори

Јахјага ја повика опозицијата на разговори

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, ги повика лидерите на трите опозициски партии на разговори за тоа како да се надмине блокадата во косовското Собрание.

Лидерите претходно денеска одбија состанок со премиерот на Косово, Иса Мустафа, за истото прашање.

Јахјага и претходно се обидела во разговори со нив да дојде до решение и да ги собере сите лидери на партиите на Косово на иста маса, но опозицијата тоа го одбила.

Опозицијата од септември ја блокира работата на Собранието поради договорот со Србија за заедницата на општини со српско мнозинство и за демаркација со Црна Гора.