Економија Извршени градежни работи во вредност од 9.904.920.000 денари

Извршени градежни работи во вредност од 9.904.920.000 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9.904.920.000 денари.

Во текот на 2014 година се градени вкупно 2.105 објекти и завршени се вкупно 3.584 станови со вкупна површина од 355.811 квадратни метри, од коишто 137 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11.136 квадратни метри.

Просечната корисна површина на завршените станови е 99,3 квадратни метри. По региони, најмногу се градело во полошкиот регион, потоа во скопскиот, во југозападниот итн.