Свет Извикувајќи „Алах е голем“, напаѓач со нож повредил полицаец во Мароко

Извикувајќи „Алах е голем“, напаѓач со нож повредил полицаец во Мароко

Неидентификуван маж денеска, извикувајќи „Алах е голем“ и мавтајќи со нож, нападнал и ранил полицаец на границата меѓу Мароко и шпанската територија Мелилја.

Детали од нападот засега не се познати, но шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игњасио Соио, соопшти дека напаѓачот е уапсен.

Светските агенции јавуваат дека напаѓачот е Мароканец и дека сè се одиграло на преминот Бени Ензар.
Како што се наведува, напаѓачот со нож му ја расекол раката на полицаецот.