Свет Израел урива домови на палестински екстремисти

Израел урива домови на палестински екстремисти

Израелската армија ја урна куќата на Абдел Тамхан Шалуди, кој со автомобил влета во група луѓе на железничката станица

Израелската војска утринава јa урна куќата на Палестинецот што во октомври, со автомобил, влета во група лица на железничката станица во Ерусалим, убивајќи тримесечно бебе и една жена.

Казнениот потег следеше откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ќе победи во „борбата за Ерусалим“, по вчерашниот напад на синагога во Ерусалим, во кој загинаа пет Евреи, вклучувајќи четири лица кои дошле да се молат и еден полицаец.

Израелската војска прецизираше дека е „урната куќа на терористите одговорни за нападот со автомобил“ на железничката станица во Ерусалим.

Напаѓачот Абдел Тамхан Шалуди од квартот Силва во источен Ерусалим е убиен по нападите, при обид за бегство.

Нетанјаху вчера соопшти дека наредил уривање на куќите на напаѓачите во синагогата, како и забрзување на уривањето на домовите на лицата кои претходно имаат извршено напади.