Свет Израел го суспендира планот за испраќање илјадници мигранти од Африка на Запад

Израел го суспендира планот за испраќање илјадници мигранти од Африка на Запад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја суспендираше спогодбата со Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за преселба на илјадници мигранти од Африка во западните земји, и тоа неколку часа откако беше објавено склучувањето на спогодбата.

Според спогодбата, голем дел од 16.000 Африканци што бараат азил во Израел треба да бидат испратени во западните земји, а не вратени во матичните земји. Но, Нетанјаху, вчера, неколку часа по спогодбата, на „Фејсбук“ напиша дека таа ќе биде ставена на чекање.

Голем дел од мигрантите се во Тел Авив, а според најновото обраќање на израелскиот премиер ќе бидат исселени од таму и испратени во села и други заедници.