Свет Израел: Двајца Евреи осудени за убиство на Палестинец

Израел: Двајца Евреи осудени за убиство на Палестинец

Израелскиот суд прогласи за виновни двајца Израелци за смртта на палестинскиот тинејџер во Ерусалим во 2014 година, но одлуката за третиот обвинет ќе биде донесена по лекарскиот преглед на обвинетиот.

Тројцата обвинети признале дека го киднапирале и жив го запалиле Мохамед Абу Кудаир, како одмазда за тоа што милитантите на Хамас претходно убиле три израелски момчиња.

Двајца од обвинетите за време на убиството биле малолетни.