Македонија Изминатово деноноќие 84 лица го прекршиле полицискиот час

Изминатово деноноќие 84 лица го прекршиле полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, како што соопшти МВР, на ниво на целата земја се евидентирани 84 лица што не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период, односно во последните 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.

При извршените контроли од страна на полицијата кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани прекршувања на овие мерки.