Македонија Изминатото деноноќие фатени 470 лица без заштитни маски

Изминатото деноноќие фатени 470 лица без заштитни маски

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (13/14.08.2020 година) на територијата на земјава биле регистрирани 470 прекршоци на наредбата за носење маски.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.