Дописници Изложба во Охрид за историјатот на украсувањето велигденски јајца во Русија

Изложба во Охрид за историјатот на украсувањето велигденски јајца во Русија

Изложба насловена „Историјат на украсување и на бојадисување велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата ’Фаберже’“, денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид.

Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и за современите тенденци на уметноста на украсување јајца.

Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за уметничко украсување велигденски јајца.