Хроника Изгоре продавницата за чевли на Ленски мост во Битола

Изгоре продавницата за чевли на Ленски мост во Битола

Оган ја проголта продавницата за чевли во старата битолска чаршија, кај Ленски мост.

Поранешната продавница на „Жито Битола“ огнот ја зафатил нешто пред 2 часот рано изутрината. Минувачи пријавиле во полиција, но и покрај брзата интервенција на пожарникарите, објектот е значително оштетен.

– Прозорецот беше скршен. Што се случило, не знаеме. Сите опции се отворени, сè е можно. Дали некој го скршил или од огнот од пожарот самиот испукал, не знаеме, треба да покаже истрагата – вели Горан Димковски, заменик-командир на противпожарната едница од Битола.

Од полицијата сè уште не соопштуваат детали за пожарот, велат дека се преземаат мерки за откривање на причините поради кои настанал пожарот. Во страта чаршија во Битола оваа година гореа повеќе дуќани, но најчесто заради неисчистени оџаци.

А.Б.