Свет Изгоре напуштена синагога во Њујорк

Изгоре напуштена синагога во Њујорк

Напуштена њујоршка синагога ноќеска е уништена во пожар, јави американската мрежа „Ен-би-си“.

Причината за пожарот сè уште не е позната и во тек е истрага.

Пожарникарите го локализирале пожарот, во кој е уништен покривот на зданието од 19 век, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Менхетен.

Синагогата, која своевремено била собиралиште на најголемата заедница на руски Евреи во САД, од 2007 година е напуштена.