Хроника Изгоре котларницата на општинската зграда во Тетово

Изгоре котларницата на општинската зграда во Тетово

Во пожар кој избувна околу 10 часот утрово, целосно изгоре котларницата во сопственост на Општина Тетово. Од тетовската територијална противпожарна единица, пожарот го локализираа за еден час.

– Интервениравме со девет пожарникари и со четири противпожарни возила. Со нашата навремена интервенција, успеавме целосно да го локализираме пожарот, кој можеше да се прошири и на соседните објекти и на резервоарите на нафта со кои се затоплува зградата на Општина Тетово – изјави Ука Алити, командир на противпожарната единица.

Полицијата по извршениот увид, работи на целосно расветлување на случајот.