Хроника Изгоре балкон од стан во населбата Кисела Вода

Изгоре балкон од стан во населбата Кисела Вода

Во пожар, кој избувнал попладнево, изгорел балкон од стан на паттиот кат од зграда во скопската населба Кисела Вода, во близина на супермаркетот на „Тинекс“.

Како што информираат од скопската противпожарна бригада, во пожарот, кој е изгаснат, нема повредени граѓани, а опожарен бил само балконот, додека внатрешноста на станот, сопственост на повозрасна жена, не била оштетена од огнот.