Подглавна секција Изгласана недоверба на црногорската влада на премиерот Кривокапиќ

Изгласана недоверба на црногорската влада на премиерот Кривокапиќ

Владиниот објект во Подгорица; Фото: Rasho - Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=18123128

Црногорскиот парламент ја изгласа недовербата на владата предводена од Здравко Кривокапиќ, откако претходно вицепремиерот и коалицискиот партнер, Дритан Абазовиќ му ја скрати поддршката за време на големи политички тензии, јавува Ал Џезира Балканс.

Парламентот се состои од 81 пратеник од кои на вчерашната седница гласаа 54, 43 за недовреба на владата и 11 против нејзиното менување, пратениците од помалите партии, Дмекоратска Црна Гора, Права Црна Гора и Обединета Црна Гора што во широкиот сојуз ги предводеше Кривокапиќ на изборите минатата година.

Одлуката беше донесена по иницијативата на коалицијата „Црно на бело“, составена од „УРА“ и „Цивис“ што побараа за 4 февруари парламентот да гласа за недоверба на црногорската влада. Обединетата реформска акција (УРА) на чело со Дритан Абазовиќ што беше дел и ја напишти владината коалиција по што Кривокапиќ побара на 3 февруари да се гласа за разрешување на вицепремиерот Абазовиќ. Парламентот гласаше против со 20 гласови наспроти 11 кои сакаа тој да биде разрешен, а 46 останаа воздржани.

Потпретседателот на „УРА“, Милош Контар по изгласувањето на недовербата на Кривокапиќ рекол дека во сабота ќе започнат консултации за формирање на нова влада.“, пренесува сервисот на Би-би-си на српски јазик.

Абазовиќ нагласил дека владата го завршила својот политички мандат во политичките околности што наведувале кон тоа дека „можеби не можело на тој начин да се продолжи понатаму“. Тој додал дека преговорите за нова влада се водат со актуелното парламнетарно мнозинство.

„Целта е Црна Гора да излезе од оваа блокада, а доколку не успееме тоа да го решиме, формирањето на нова влада ќе оди преку избори.“, изјавил Абазовиќ.

Владата на Здравко Кривокапиќ беше изгласана на 4 декември 2020 и издржа само 14 месеци. Тој и Абазовиќ веќе подолг период имаа спротивставени позиции по значајни прашања за натамошниот развој на Црна Гора. По јавното излагање на претседателот на водечката опозициска партија, Мило Ѓукановиќ на 3 февруари дека партијата ќе гласа за недовреба на владата и движењето „УРА“ предводено од Абазовиќ кое сметаше дека менувањето на владата е неопходно, самиот Кривокапиќ изјави дека е свесен за промената од функцијата.