Економија Издадени 326 одобренија за градба, што е за 35,3 проценти повеќе од...

Издадени 326 одобренија за градба, што е за 35,3 проценти повеќе од лани

Во октомври се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари, што е за 52,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 45 (13,8 проценти) за објекти од нискоградба и 94 (28,8 проценти) за реконструкција на објекти.

Од вкупно 326 објекти, на 202 (62 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 124 објекти (38 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 869 станови, со вкупна корисна површина од 69.474 квадратни метри.