Свет Европа Изборот на нова премиерка на Велика Британија е позитивен сигнал за берзите

Изборот на нова премиерка на Велика Британија е позитивен сигнал за берзите

Светските брзи денеска бележат подем бидејќи изборот на нова премиерка на Велика Британија ја намали неизвесноста по референдумот.

Аналитичарите оценуваат дека расположението на инвеститорите на пазарот се подобрило, бидејќи британската владејачка Конзервативна партија ја избра Тереза Меј за нова лидерка и премиерка.

Се очекува и Централната банка на Велика Британија да ја намали референтната каматна стапка.