Македонија Изборите се за консолидација на институциите, а не за федерализации, порача Величковски

Изборите се за консолидација на институциите, а не за федерализации, порача Величковски

Претседателот на Либералната партија и носител на листата во првата изборна единица, Ивон Величковски, денеска на средбата со граѓаните во Кочани порача дека претстојните избори се за консолидација на институциите, за владеење на правото, за либерализација на економијата и на општествените односи, за олабавување на граѓаните, а не за устави, јазици и федерализации.

Величковски на граѓаните им го образложи и проектот „Солидарен концепт“ со кој, како што рече, 28.000 граѓани ќе се ослободат од банкарското заложништво врз основа на долгови од кредитни картички.

– Мора да ги олабавиме економските односи и банките да бидат во поддршка на бизнисот, а не во поддршка на државниот буџет. И банките ќе ги ослободиме од проблемот да чуваат пари кои немаат пласман и всушност влегуваат во спиралата повторно и повторно само да купуваат државни записи… Мора да ги пуштиме процесите да олабават, мора да се либерализираме – истакна Величковски, притоа најавувајќи поевтина струја и укинување на целосната забрана за пушење во угостителските објекти.