Македонија Изборите можат да ја извлечат земјата од кризата ако бидат фер и...

Изборите можат да ја извлечат земјата од кризата ако бидат фер и веродстојни, оцени Жбогар

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека изборите на 11 декември можат да ја извлечат земјата од политичката криза само доколку кампањата биде фер, а изборите – веродостојни.

– Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада, кога ќе ја преземе функцијата, да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети – рече Жбогар, кој денеска присуствуваше на отворањето на Националната конференција „Градење култура на соживот: Соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“.

Жбогар рече дека во реформските приоритети спаѓа и подобрување на односите меѓу заедниците и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Тој истакна дека функционалните односи меѓу едничките заедници се гарант на демократијата и на функционално и прогресивно општество.

Посочи дека меѓу нив се и подобрувањето на односите меѓу заедниците и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.